Капитенот и еден од најмладите во КК Скопје: Подготвени сме да дадеме 110% во новата сезона

Кошаркарскиот клуб Скопје одржа официјална прес-конференција пред стартот на новата сезона во Суперлигата на Македонија. Пред новинарите се обрати капитенот на екипата Марјан Младеновиќ. Најискусниот играч во екипата најави голема борба на овој изменет тим.

„Ние сме нова екипа, само еден играч остана од лани. Ќе ни биде потребно време да се вклопиме, мислам дека добро работевме во овие подготовки. Играчки и карактерно се поклопивме со желбата за победа. Имаме доста млади играчи кои ќе мора да ги „издржиме“, но ветуваме 110% борба за секоја победа. Ништо не е променето, го знам систенот на тренерот. Се залага за брзина, максимална посветеност и огромна борба“, изјави капитенот Младеновиќ. 

Освен него се обрати и еден од најмладите играчи во ростерот, Сергеј Младеновски, кој кажа:

„Целата екипа е малку помлада, ама секој тренинг даваме свој максимум. Ќе бидеме максимално пожртвувани и ќе одиме на победа на секој натпревар“, кратко прокоментира најмладиот Сергеј Младеновски. 

Во првото коло Скопје игра домашен натпревар против Кожув в недела.