Капела е првото засилување на Бостон за наредната сезона!?

Претседателот на Бостон Селтикс, Дени Ејнџ, работи на неколку трансфери кои ќе бидат дел од новиот проект кој се планира наредната сезона.

Кога веќе е јасно дека Кајри Ирвинг ќе си замине, тимот од „ТД Гарден Арена“ започна да ги обновува договорите на неколку кошаркари и истите да ги комбинира со новите засилувања. Награда ќе добијат Ал Хорфорд и Тери Розиер, а изненадувачки преговори се започнати за доведување на центарот на Хјустон, Клинт Капела.

Тој има само 25 години и со неговото доаѓање сигурно ќе се затвори вратата на евентуален трансфер на Ентони Дејвис.

Селтикси ја завршија сезоната со висок пораз од Милвоки во конференциското полуфинале на Истокот.