Канзас Сити чека „на готовс“ ако Портланд остане без славната НБА франшиза

Познатиот НБА аналитичар, Бил Симонс, изјави дека постои можност Портланд Треил Блејзерс да бидат преселени во друг град, но нагласи дека станува збор исклучиво за негова лична проценка, а не за информации од клубот или лигата.

Според Симонс, новиот сопственик Том Дандон, кој ја купи франшизата за околу 4,25 милијарди долари, размислува за преселување, со оглед на тоа што нова НБА експанзиона франшиза би чинела меѓу седум и осум милијарди долари.

Како најсериозен кандидат за евентуална преселба го посочи Канзас Сити, додека истакна дека Сиетл повеќе би сакал да добие нов експанзионен тим отколку франшиза преселена од Портланд.

Сепак, во моментов не постојат никакви официјални индикации дека Портланд Трејл Блејзерс ќе се преселат, ниту дека се водат разговори за таков потег. Симонс потенцираше дека станува збор само за можен, хипотетички развој на настаните.

Иако овие најави на Симонс беа оквалификувани само како шпекулации, голем дел од навивачите на Портланд побараа детално објаснување од управата за нејзините планови во блиска иднина. Во својата НБА историја, Портланд има освоено една шампионска титула.