Канаѓанецот си заминува од Работнички - нема нов договор за Вигинс

Составот на Работнички во продолжение од сезоната во Првата лига, поточно по паузата, нема да смета на услугите на еден од двајцата интернационалци во своите редови, поточно Николас Вигинс.

Одлуката за непродолжување на договорот со интернационалецот од Канада, помалку делува изненадувачки ако се земе предвид дека Вигинс остави позитивен впечаток во досегашниот дел од сезоната. На осум одиграни натпревари во просек по меч имаше по 10,1 пеон, 4,5 скока и 1 асистенција, а на последниот дуел со Куманово оствари „дабл-дабл“ ефект од 12 поени и 11 скока.

Управата на клубот од „Градски парк“ се очекува по паузата и продолжување на шампионатот, да ангажира замена за Вигинс.