Канаѓанецот Херберт именуван за нов германски селектор

Германската кошаркарска федерација официјализира нов селектор за следните две сезони. Искусниот канадски стручњак, Гордон Херберт ќе го води бундес-тимот до јуни 2023 година.

Овој тренер добро го познава германскиот менталитет, го зборува јазикот и брзо ќе се имплементира во новата средина. Во Бундеслигата, Херберт ги водеше кошаркарите на Алба Берлин и Скајлалнерс.

На последниот олимписки турнир, германската кошаркарска репрезентација, водена од Хенрик Родл, беше елиминирана во четвртфиналето од Словенија.