• Саше Љолес
Канадскиот кошаркар, Ксавиер Ратан-Мејс официјално потпиша двегодишен договор со Реал Мадрид, соопштија од најтрофејниот европски клуб.
30-годишниот плејмејкер минатата сезона играше за тимот на Јенисеј, каде просечно бележеше брилијантни 25,7 поени 4,4 асистенции и 4,3 скока во силната ВТБ лига. Претходно во кариерата играше уште за Мемфис во НБА лигата, АЕК од Атина, Бнеи Херцлиу, Скарборо, Мелбурн и Денизли во Турција.
За „кралскиот клуб“ тој е второ засилување летово, по пристигнувањето на Андрес Фелиз. Новата сезона во Евролигата започнува на трети октомври. Ратан-Мејс за клупскиот сајт изјави дека ја исполнил својата детска мечта и е пресреќен што потпиша договор со најславниот клуб на стариот континент.
