Канада и Нов Зеланд запишаа високи победи во борбата за конечен пласман на СП

Кори Вебстер

Нов Зеланд ја декласира Јапонија (111-81) и со победа ја започна втората фаза на Светското првенство, во која ќе се бори за пласман од 17-32 место.

Интересна беше првата четвртина, во која јапонските кошаркари парираа и одиграа ефикасни десет минути. Резултатот на крајот гласеше 29-29, а потоа следуваше вистинска доминација на репрезентативците на Нов Зеланд. Најпрво се одлепија на +16 на паузата, а потоа продолжија да ја зголемуват разликата за лесен и убедлив триумф.

Кори Вебстер оствари учинок од 27 поени, а доби помош од расположениот Исак Фоту, кој го заврши мечот со 23 поени.

  • Извештај од натпреварот: 

Уште полесна задача имаше Канада која немаше рамноправен противник на дуелот со Јордан (126-71). Вистинско шоу во Шангај приредија фаворизираните Канаѓани кои безмилосно го полнеа кошот на ривалот во текот на сите четири квартали.

  • Извештај од натпреварот: 

Кајл Вилтер со 29 поени беше најефикасен кошаркар кај победничката екипа.