Кампацо не можеше сам против моќната Барса, германското дерби за Алба

Кошаркарите на Барселона го искористија домашниот терен и во возбудлив натпревар ја совладаа Црвена Звезда so 85-79, во рамкиte од 29. коло од Евролигата.

По двата последователни порази, каталонскиот гигант го забележаа 19-от триумф и со учинок 19-10 се израмни на третото место со Монако, додека српскиот тим го впиша четвртиот неуспех во последните пет натпревари и со скор 12-17 сè уште е далеку од плеј-офот и ја зазема 14. позиција на табелата.

Белграѓани во Каталонија отпатуваа видно ослабени, без Немања Недовиќ, Огњен Добриќ и Бранко Лазиќ, но покажаа квалитет против еден од најдобрите европски тимови, но тоа беше недоволно за изненадување. Во таборот на „црвено-белите“ се истакна Кампацо со 24 поени, додека за Барса по 21 поен постигнаа Миротиќ и Весели. 

Во денешната програма од Евролигата се одигра уште еден натпревар, на кој Алба Берлин славеше во германското дерби на гости кај Баерн Минхен, со резултат 75-76.

Ло со 16 поени беше предводник во победата на гостите од Берлин, додека за домашниот тим се истакна Винстон со 14 поени.