• Саше Љолес

Екипата на Реал Мадрид не дозволи изненадување пред своите гледачи и по голема борба го надигра вечниот ривал Барселона (73-71) во натпреварот од 13. коло во шпанската Ендеса лига.
„Кралевите“ имаа предност во најголем дел од мечот, (највисоки +10 во третата четвртина, 55-45), па до самиот финиш успеаја да ја сочуваат предноста, иако Барселона внесе драма и пружи силен отпор.
Се вратија Каталонците на само два поена негатива во последната минута, но Реал го заокружи мечот во своја полза и стигна до деветтиот триумф во првенството.
Најдобар поединец на паркетот беше Џабари Паркер од Барселона, кој постигна 18 поени, додека на спротивната со поен помалку најефикасен беше Аргентинецот Факундо Кампацо.