Кампацо го остварува сонот: Оди во НБА, познат е и неговиот тим

Аргентинската кошаркарска легенда Факундо Кампацо оваа година ќе си го оствари сонот и ќе замине да игра во најквалитетната светска кошаркарска лига НБА.

29-годишниот плејмејкер кој настапува во редовите на Реал Мадрид е интересен за екипа од Западната конференција, потврди неговиот агент Клаудио Виланева.

Името не се открива, но медиумите од Аргентина веќе објавија дека се работи за Денвер Нагетс. 180-сантиметри високиот кошаркар е клучна фигура во тимот на Реал Мадрид, но нема настапи во НБА.

Кампацо го носи дресот на „кралевите“ од 2014 година, со мала пауза, кога беше позајмен во Мурсија.