• Саше Љолес
Кошаркарите на Реал Мадрид поведоа со 1-0 во финалната серија на Ендеса лигата и славеа во првиот натпревар против Мурсиа со 84-76.
- Извештај од натпреварот:
„Кралевите“ ја оправдаа фаворитската улога и пред своите гледачи не дозволија никакво изненадување, а меѓу најзаслужните за триумфот повторно беше Аргентинецот Факундо Кампацо, кој го заврши мечот со девет поени и седум асистенции.
Плејмејкерот можеби не беше најдобриот поентер на паркетот, но повторно ја одушеви публиката со неколку атрактивни и луцидни потези, меѓу кои и една асистенција за Марио Хезоња, по која аудиториумот стана на нозе и упати громогласен аплауз.
- Асистенцијата на Факундо Кампацо:
Најдобар поединец на натпреварот беше Џанан Муса со 16 поени, додека Хезоња постигна пет помалку. Реал Мадрид е на одличен пат повторно да ја освои титулата во Шпанија и е на само две победи од престижниот трофеј.