• Саше Љолес
Белградска Црвена Звезда е блиску до договор со камерунскиот центар Кристијан Колоко, кој неодамна остана без ангажман во НБА лигата, откако ја заврши соработката со Атланта Хоукс.
Медиумите кај северниот сосед пишуваат дека преговорите се во напредна фаза, а 26-годишниот Колоко би можел да пристигне во Белград како решение за проблемите на српскиот тим под кошевите.
Тој е висок 211 сантиметри и беше избран како 33-ти пик на НБА-драфтот во 2022 година. Во најсилната кошаркарска лига во светот настапуваше за Торонто, Лос Анџелес Лејкерс, Мемфис, Атланта и Сан Антонио, а играше и за развојниот тим Остин.
Во досегашната НБА-кариера има одиграно 122 натпревари, со просек од 2,8 поени и 2,8 скока по средба. Летово настапуваше Колеџ Парк Скајхоукс, но не успеа да обезбеди долгорочен договор и сега е слободен агент.
Тимот има проблеми со повредите на Џонатан Мотли и Ебука Изунду, поради што изборот на центарската позиција е значително намален. Во таква ситуација, разбирлива е потребата на клубот да донесе засилување за овој дел ротацијата.
Доколку се реализира трансферот, Колоко би добил можност да ја продолжи кариерата во Евролигата, а Црвена Звезда би добила дополнителна висина и опција во рекетот во период кога кадровските проблеми ѝ создаваат сериозни главоболки.







