Калиниќ: Грешката на ЕП ни беше што сакавме да победиме со 20 разлика...

Кошаркарската репрезентација на Србија доживеа дебакл на Евробаскетот бидејќи го заврши настапот уште во осминафиналето. Од „орлите“ се очекуваше битка за медали, па поразот од Италија во првата нокаут фаза беше изненадување. 

На овој настап се осврна искусниот центар Никола Калиниќ кој го посочи проблемот.

„Не сметам дека очекувањата беа превисоки бидејќи тоа е секогаш така во Србија, некогаш освојуваме медал, некогаш не. Можеби грешка беше што сакавме поради очекувањата да победиме со 20 разлика со Италија. Сакавме да покажеме деја сме многу подобри и да победуваме со 20 или 30 поени во наша корист. Ни беше потребно да славиме со поен повеќе. Можебитоа е само лекција која можеме да ја извлечеме за наредните натпреварувања“, кажа Калиниќ.

Не беше само Србија фаворит кој потфрли, бидејќи речиси сите селекции кои се сметаа за претенденти за тронот се сопнаа на патот до трофејот.