• Мартин Танасковски
Гершон Јабуселе е главна ѕвезда на Франција, а имаше фантастичен потег на мечот во финалето против САД кој сигурно ќе кандидира и за еден од потезите на целиот олимписки турнир.
Имено, во втората четвртина, Јабуселе реши да забива. И тоа ни помалку, ни повеќе, преку Леброн Џејмс. Главниот и најискусен играч на Американците се најде на „постер“ и Јабуселе заби преку него.
Потегот наиде на овации кај сите во салата и на одушевување на социјалните мрежи.