Каква порака носат скапите подароци кои Јокиќ им ги подели на своите соиграчи?

Никола Јокиќ пред неколку денови направи убав гест и ги почести своите соиграчи од српската репрезентација со часовници „Ролекс“, а сега се појавија и фотографии од подароците кои чинат едно цело богатство. 

Ѕвездата на Денвер Нагетс потроши околу 360.000 долари за часовниците на кои пишува „од Јокара за соиграчите, Париз 2024“. На секој часовник е испишано презимето на играчите, а на задната страна стои логото на Олимписките игри. 

Подароците доаѓаат по освоениот бронзен медал во „градот на светлината“, а Србија беше и многу близу до пласман во големото финале, но во самиот финиш загуби од „дрим-тимот“ на Соединетите Американски Држави.