Каква лудост: Запиша рекорд на кариерата по поени, но и промашени шутеви!

Кошаркарот на Детроит, Кејд Канингем, постигна дури 46 поени во победата на својот тим над Вашингтон со 137-135.

Овој натпревар беше навистина чуден за Канингем, бидејќи за него ова беше рекордна партија во кариерата. Од друга страна, тој средбата ја заврши со многу слаб процент на шут од игра. Канингем шутираше 14/45 од поле, 2/11 за три поени и 16/18 од линијата за слободни фрлања.

Неговите 31 промашени обиди се најмногу што еден кошаркар ги забележал на натпревар уште од спојувањето на НБА и АБА лигата. Вакво нешто му успеа само еднаш на Коби Брајант кој имаше 30 промашувања, а се зема периодот откако се бројат овие статистики.

Од вкупно 1.534 натпревари на кои играч постигнал најмалку 45 поени, процентот на Канингем (31,1%) е втор најлош во историјата. Полош бил само Џејмс Харден во 2019 година, кога шутнал со 20,7%.