ВИДЕО: Каква атракција на Антиќ - со финта се ослободи, па моќно ја заби топката во кошот!

Перо Антиќ беше прогласен за „лауреат“ на мак-баскетот за 2017 година, но не беше дел од церемонијата. Нашиот Антиќ во исто време играше натпревар за Црвена Звезда во рамките на АБА лигата против Мега Бемакс и беше еден од најзаслужните кошаркари за новата „црвено-бела“ победа.

Во воведните минути на натпреварот Перо Антиќ потсети на своите најдобри кошаркарски години и уште еднаш го покажа својот раскошен репертоар. Одлично со финта се ослободи од својот чувар и во продолжение на акцијата атрактивно ја заби топката во кошот, а доби и дополнително слободно фрлање. Погледнете го моќниот потег на Перо Антиќ, за кој доби громогласни аплаузи:

Последниот дуел за Антиќ и Црвена Звезда оваа година е гостувањето во рамките на Евролигата против тимот на Милано, на 28 декември.