• Саше Љолес
Андреј Стојаковиќ е син на легендарниот Предраг Пеѓа Стојаковиќ. 18-годишникот, кој е роден во Солун, настапува во средношколската категорија, а неодамна учествуваше и на Ол-Стар мечот на лигата.
Младиот Стојаковиќ со серија потези ги одушевуваше присутните во салата и добиваше аплаузи, а особено беше силно поздравен по еден продор каде поентираше со положување од многу тешка позиција.
Andrej Stojakovic showing off the fancy footwork on this finish #McDonaldsAllAmerican @SCNext pic.twitter.com/5ioFnMLcQR
— ESPN (@espn) March 29, 2023
Неколку тренери во средношколската лига веќе отворено зборуваа за талентираниот Андреј, а локалните медиуми пренесуваат дека многу експерти му предвидуваат солидна НБА-кариера.
Андреј Стојаковиќ поседува и грчко државјанство поради неговата мајка која е родум од Грција, а неговите родители беа присутни на вчерашниот натпревар и имаа задоволна насмевка на лицата после убавите поени на нивниот син.