• Иван Димовски
Виктор Вембањама ја потврди верноста кон Сан Антонио Спарс, откако потпиша нов петгодишен договор вреден 252 милиони долари.
Интересно е дека францускиот центар можел да добие и значително побогат договор од 303 милиони долари. Сепак, тој свесно се откажал од околу 50 милиони за клубот да има поголема финансиска флексибилност при градењето тим кој ќе се бори за шампионската титула.
„Семејство на Спарс, останувам тука. Што и да биде потребно“, напиша Вембањама на социјалните мрежи.
Зад Вембањама е фантастична сезона во која беше прогласен за најдобар дефанзивец во НБА, се најде во идеалната петорка на лигата и по вторпат настапи на Ол Стар натпреварот.
Во регуларниот дел од сезоната бележеше просек од 25 поени, 11,5 скокови и 3,1 асистенција по натпревар.
