ВИДЕО: Каков потег на Димитријевиќ – со финта го прати противникот во „соблекувална“!

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ игра во одлична форма во новата сезона на Ендеса лигата.

Неговите одлични игри носат позитивни резултати на Хувентуд, а вчера во дербито со Билбао, нашиот плејмејкер го имаше потегот на натпреварот, откако со една финта го прати противникот во „соблекувална“, а потоа акцијата ја заврши на атрактивен начин.

  • Атрактивниот потег на популарниот Нено против Билбао:

Младиот плејмејкер дуелот со Билбао го заврши со 10 постигнати поени, а забележа уште и две асистенции и два скока.