ВИДЕО: Каков меч – Јокиќ со звукот на сирената ги победи Далас и Дончиќ 

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја продолжуваат борбата со Голден Стејт Вориорс за првата позиција на табелата во Западот, откако ноќва по незаборавен натпревар извојуваа голема победа над Далас Маверикс со 100-99. 

  • Извештај од мечот Денвер Нагетс - Далас Маверикс: 

Неутралните фанови на кошарската игра можеа да уживаат во спектаклот кој им го приредија актерите на двете екипи, а особено во оној од последната минута, кога Лука Дончиќ искористи една конфузија во домашната одбрана и монструозно заби за водство на Далас. 

Но, во последниот напад на сцена стапи неверојатниот Никола Јокиќ, кој во игра еден на еден го надмудри Пауел и со звукот на сирената погоди за  експлозија кај домашните фанови и победа на Денвер од еден поен разлика. 

Милсап со 33 поени беше најпрецизен во редовите на победничката екипа, а Јокиќ мечот го заврши со „дабл-дабл“ учинок со 11 поени и 14 скока. Лука Дончиќ повторно имаше брилијантна вечер (24 поени и 11 скока), но недоволно за победа над разиграните Нагетси. 

  • Најдоброто од Никола Јокиќ против Далас: 

Со оваа победа Нагетси застанаа на 45 победи од 67 натпревари, само една помалку од шампионот Голден Стејт. За Далас ова беше петти пораз во низа, а веќе од поодамна е без шанси за пласман во доигрувањето.