Каков малер: Се врати од НБА во Европа, ама не дочека деби

Химки за време на летото донесе неколку квалитетни засилувања, а главен адут за вториот дел од сезоната требаше да биде искусниот руски кошаркар Тимофеј Мозгов.

Центарот имаше проблеми со повреди и требаше да се рехабилитира, па да помогне на Химки во борбата за титули со ЦСКА Москва. Но, поради пандемијата и коронавирусот сезоната е прекината, па тој остана без ниеден настап.

Тренерот на Химки, Римас Куртианитис, истакна дека кошаркарот тренирал добро две недели и едвај чекал на старт, меѓутоа пандемијата го направила своето.

Мозгов потпиша едногодишен договор со Химки, но прашање е дали ќе го одработи воопшто, затоа што ВТБ-лигата е откажана. Не се знае што ќе биде со руската лига која ја гледа како единствена шанса.

33-годишниот Мозгов во кариерата играше за Бруклин, ЛА Лејкерс, Кливленд, Денвер и Њујорк Никс, а Химки заедно со Самара и Санкт Петербург се единствените европски клубови во неговата богата историја.