• Горан Упале
Навивачите на Олимпијакос на необичен начин го дочекаа најзвучното засилување во овој преоден рок - Французинот Еван Фурние.
Грчкиот вицешампион успеа да ја добие трката со Реал Мадрид за Французинот, кој по долго време се враќа во Европа од НБА лигата.
Откако клубот го потврди потписот на францускиот ас, синоќа Фурние пристигна во Грција и имаше неверојатен дочек. Имено, по излегувањето од аеродромот, автомобилот во кој се наоѓал Французинот бил опкружен со навивачи на Олимпијакос, кои скокале и палеле факели, а потоа им се придружил и самиот кошаркар.
What a welcome!!!! @EvanFourmizz #OlympiacosBC #WeAreOlympiacos #TogetherWeFight pic.twitter.com/Le796gTHMe
— Olympiacos B.C. (@Olympiacos_BC) September 4, 2024
Несомнено е дека Фурние во следната сезона ќе биде големо засилување за Олимпијакос, кој сака да се врати на самиот врв на Евролигата, особено по нешто послабото минато.