• Горан Упале

Генералниот секретар на Кошаркарската федерација на Босна и Херцеговина, Џевад Алихоџиќ соопшти дека федерацијата сè уште не ги подмирил сметките за сместувањето на кошаркарите и стручниот штаб од последниот Евробаскет.
„Освен сите други работи со кои се соочуваме, добивме известување дека не е средено сместувањето на нашата репрезентација во Келн за време на Евробаскетот.
На крајот испадна дека сме го напуштиле хотелот без да ја платиме сметката, што е навистина неверојатно. Досега не сум слушнал за такво нешто, а сега сме соочени со фактот дека треба да го подмириме и тој долг“, заклучи Алихоџиќ.
Да биде апсурдот уште поголем, Босна и Херцеговина практично ја дели една победа над Кипар или Франција за пласман на Евробаскетот, кој ќе се игра во август и септември годинава.