ВИДЕО: Како во старите добри времиња - Дурант со ЦЕПЕЛИН до Вестбрук!

Кевин Дурант асистенција

По неколку недели полни со шпекулации, и неколку тензични дена пред „Ол-Стар“ натпреварот сите очи беа вперени кон Расел Вестбрук и Кевин Дурант и кон прашањето, како тие ќе го делат паркетот во дресот на западната конференција.

Ова прашање доби свој одговор уште во првата четвртина, кога Дурант со прекрасен цепелин го проигра Вестбрук за одушевување на публиката и сите присутни во арената во Њу Орлеанс:

Нешто подоцна на тајм-аутот, Демаркус Казинс и Деандре Џордан започнаа да навиваат и да ја слават комбинацијата на поранешните соиграчи од Оклахома.