ВИДЕО: Како на видео игра - Драмонд прво се закочи, а потоа и посрамоти!

Екипата на Кливленд победи на гости кај Мемфис Гризлис со 94-90, во натпревар каде најмногу се истакна Андре Драмонд со 22 поени и 15 скокови со што запиша „дабл-дабл“ учинок. 

Сепак, кошаркарот на Кавалиерси со сигурност го имаше и најсмешниот потег на вечерта. Драмонд како во видео игра се закочи во место и за момент не знаеше каде да оди, а потоа тргна кон кошот и не се прослави. 

  • Комичната акција на Андре Драмонд:

Овој потег потсети на исечок од видео игра, Драмонд застана, не знаеше каде и потоа се посрамоти со обидот за реализација.