Како изгледаше САД, кога пред 13 години последен пат загуби на СП?

Со денешниот пораз на САД од Франција дојде крај на една долга низа на „дрим-тимот“ од 13 години без пораз на Светските првенства (СП). Неочекувана е елиминацијата на тимот на Попович, кој важеше за фаворит за златото на Мундијалот.

Пред да загуби од „триколорите“, САД не знаеше за пораз дури 58 натпревари по ред. Последниот пораз на репрезентацијата на големите собири е во 2006 година, пред 13 години, кога во рамки на СП, САД испадна во полуфиналето.

Тогашна пречка за селекцијата беше Грција, која на 1 септември во рамки на полуфиналето на Мундијалот во Јапонија славеше со 101-95. Потоа, во мечот за третото место, „НБА-тимот“ беше поуспешен од Аргентина.

Како изгледаше стартниот тим на САД пред 13 години, кога загуби од Грција? Погледнете во продолжение...