ВИДЕО: Како да го задржиш, Дончиќ под фаул и со една рака даде незаборавен кош

Далас Маверикс без многу проблеми и со убедливи 130-111 го совлада тимот на Сакраменто Кингс, а најголем „виновник“ за тоа е фантастичниот Лука Дончиќ.

Словенечкиот ас и покрај паузата од две седмици заради повреда, на паркетот се врати посилен од што беше и одигра неверојатна партија која ја круниса со „дабл-дабл“ учинок од 33 поени, 12 скока и осум асистенции. Но, зад името на Дончиќ заврши и потегот на вечерта во НБА лигата, откако иако под фаул, со една рака успеа да запише незаборавни поени.

  • Потегот на Дончиќ кој ги одушеви домашните фанови: 

Со денешната партија на Дончиќ, сите шпекулации дека нема да настапи на претстојниот „Ол-стар“ викенд паѓаат во вода и словенечкиот ас овој викенд ќе го видиме во друштво со најдобрите во НБА лигата.