ВИДЕО: Како Батум го „залепи“ Препелиќ и ја фрли Словенија во солзи

Франција во драматичен натпревар ја совлада Словенија (90-89) и го остави Лука Дончиќ без финале, а моментот на одлука се случи во последниот напад, кога фантастична блокада подели Николас Батум.

Центарот од НБА-лигата во последниот напад го „залепи“ Препелиќ и спречи словенечко славје. Франција имаше напад да го реши мечот, ама го промаши, а откако Дончиќ украде топка, го проигра Препелиќ кој тргна на „двојка“ за победа, ама не реализира.

  • Блокадата на Батум на мечот против Словенија:

Во финалето на Летните Олимписки Игри, Франција во реприза на првиот меч од групната фаза ќе се сретне со САД.