Кајри Ирвинг веќе го одбрал својот следен клуб?

Кајри Ирвинг влегува во последната година од договорот со Бруклин Нетс, а речиси сигурно е дека потоа нема да игра повеќе во Њујорк. 

Според најавите на угледни медиуми во Соединетите Американски Држави, Ирвинг веќе ја избрал својата нова средина. Се работи за Лос Анџелес Лејкерс, клуб во кој плејмејкерот сака да продолжи во иднина. 

Постои можност Ирвинг да прејде во Калифорнија и во вид на трејд. Сепак, мали се шансите Лејкерси да тргнат во зделка за Ирвинг, бидејќи следната сезона можат да го добијат бесплатно. Ѕвездата на Нетси сезонава ќе заработи 36,5 милиони долари, а потоа ќе ја активира опцијата за прекин на договорот и ќе стане слободен агент. 

Дотогаш Лејкерси имаат време да се ослободат од Расел Вестбрук, кој има високи примања и игра на иста позиција со Кајри Ирвинг.