Кајри Ирвинг конечно ќе може да игра домашни натпревари

Kajri

Бруклин Нетс добива одлични вести пред почетокот на завршницата од сезоната во НБА лигата.

Еден од фаворитите за највисок пласман ќе може да смета на Кајри Ирвинг на домашните натпревари. Тоа се должи на новите протоколи кои се најавени во Њујорк.

Досега, ѕвездата на „мрежичките“ настапуваше само на гостувањата, поради својата одлука да не се вакцинира против коронавирус. Ваквиот расплет на настаните значи дека тимот предводен од Стив Неш ќе биде максимално подготвен за плеј-оф предизвиците и во „Барклајс Центар“.

Бруклин моментално е на осмото место, што значи дека за да се пласира во доигрувањето ќе мора да настапи во плеј-ин турнирот.