• Иван Димовски
Кајри Ирвинг ги заврши обврските кон Далас Маверикс. Тимот сака да го задржи одличниот плејмејкер, меѓутоа тој ги разгледува опциите. Американците пишуваат дека Ирвинг сака обединување со Леброн Џејмс, за нов заеднички напад на НБА титулата.
Технички гледано, наједноставно решение е Ирвинг да потпише со Лос Анџелес Лејкерси, меѓутоа „салари капот“ во овој тим е преполн, па потребни се тешки напори за да се потпише такво име. „Езерџиите“ би морале да направат финансиско чудо за да го доведат Ирвинг, а не треба да се зборува каква адиција би бил на ростерот со Леброн, Ентони Дејвис и Остин Ривс.
Сепак, американскиот новинар Шемс Чаранија, кој работи за угледниот „Атлетик“, верува дека Ирвинг има и друго решение. Тој би потпишал нов договор со Далас, меѓутоа бара од тимот да направи сензационален трејд за Леброн Џејмс. Најпопуларниот кошаркар на денешницата има договор до 2025 година, па за него Лејкерси добро би профитирале. Иако идејата за трио Леброн-Дончиќ-Ирвинг е привлечна, не се знае колку е реално Далас да може да изведе да има тројца кошаркари со максимални договори во својот ростер.
Нема сомнеж, ако Ирвинг и Леброн се обединат, неважно во која средина, таа екипа ќе биде еден од фаворитите за прстен.