Кајл Кузма го продолжи договорот со ЛА Лејкерс

Следната недела официјално почнува новата сезона во НБА лигата, а еден од фаворитите за освојување на шампионскиот прстен е Лос Анџелес Лејкерс. Раководството на „езерџиите“ го продолжи за уште една година договорот на Кајл Кузма.

24-годишниот Кузма ќе остане во тимот од Лос Анџелес и за сезоната 2020/21 и ќе добие 3,5 милиони долари за една сезона.

Кузма беше избран од Лос Анџелес како 27-ми пик на драфтот во 2017 година.

Во својата професионална кариера Кузма досега остваруваше 17,3 поени, 5,9 скока и 2,2 асистенции по натпревар.