Кајл Хајнс избран за најдобар дефанзивец во Евролигата

Кајл Хајнс од Олимпија Милано е избран за најдобар дефанзивец оваа сезона во Евролигата. 

35-годишникот третпат во својата кариера го доби ова признание, по 2016 и 2018 година, а воедно стана и највозрасен играч со дефанзивен МВП статус. Хајнс беше еден од најважните играчи на Милано оваа сезона, а зад себе ја остави конкуренцијата од Валтер Таварес, Ник Калатес, Пјери Aнри и Брајант Данстон. 

Екипата на Олимпија Милано дозволуваше најмал број поени на противниците во просек, по 71,9. Хајнс бележеше осум поени по меч, 5,3 скока, две асистенции и 0,7 украдени топки. Сепак, неговиот придонес во дефанзивата беше круцијален за тимот.