Кадетите ја совладаа Белгија во второто коло на ЕП во БиХ

кошарка у16

Селекцијата на Македонија до 16 години заборави на вчерашниот пораз од Русија и ја победи Белгија (68-80) во второто коло од групата Б на Европското првенство во Босна и Херцеговина.

Одличната реализација во првиот дел ни овозможи да обезбедиме висока предност, која ја задржавме до крај. Најслаб период за македонските кошаркари беше третиот дел кој го загубивме со 28-16.

Завршните десет минути го одигравме со перфектна одбрана, го задржавме противникот на само осум поени и на крај се радувавме на бодовите.

Андреј Андоновски со 22 поени беше најефикасен во нашата селекција. Утре на програмата е третото коло, во кое противник ќе ни биде Словачка.