ВИДЕО: Каде залутаа мислите на Мирослав Радуљица сред натпревар?

Кошаркарите на Панатинаикос славеа победа во првиот натпревар од полуфиналето на плеј-офот во грчкиот шампионат против Арис со 85-79. Сепак натпреварот го одбележа еден потег на Србинот Радулица пред самиот крај на натпреварот.

Имено, по изведување на слободни фрлања на тимот на Арис, Мирослав Радуљица фати една топка, која веднаш ја фрли во аут, мислејќи дека противникот треба да изведе уште едно слободно фрлање.