Каде ќе игра Работнички? МКФ забрани прволигашка кошарка во „Градски парк“!

Кошаркарскиот првак Работнички ќе мора да бара нова сала кадешто ќе ги игра своите домашни натпревари, затоа што инспекција на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) одлучила дека „Градски парк“ не ги исполнува условите за прволигашка кошарка.

Центарци добиле допис со одлуката на „куќата на кошарката“, а истовремено и во делегирањето е објавено дека салата во која ќе се игра следниот домашен меч на Работнички против Кожув дополнително ќе биде утврдена.

Најавите дека на Работнички ќе му биде скратено правото да игра домашни мечеви во „Градски парк“ кога ќе стартува Суперлигата, постоеја и претходно, односно пред уште седум месеци кога стартуваше сезоната.

>>> Работнички ќе игра во „Градски парк“, но само до Суперлига?

Покрај Работнички, домашните натпревари во плеј-аутот во малата сала на СРЦ „Кале“ нема да може да ги игра и кошаркарскиот клуб Вардар.