• Горан Упале

Одличните потези на Лука Дончиќ се мала утеха за Далас, кој беше поразен и на втората средба со Бостон во големото финале на НБА лигата.
Дончиќ уште еднаш беше најдобар на паркетот, иако пред мечот беше под знак прашалник поради повреда. Словенецот забележа „трипл-дабл“ со 32 поени, 11 скока и 11 асистенции, но и тоа не беше доволно за неговите соиграчи.
Покрај тоа што статистички е најдобар, тој го режираше и најдобриот потег на вечерта во „ТД Гарден“, откако со магично додавање ја измами одбраната на Селтик и на Џонс му овозможи чиста позиција да поентира.
This Luka Dončić no-look pass to Derrick Jones Jr pic.twitter.com/fpNdp35GjL
— Landon Thomas (@sixfivelando) June 10, 2024
Третиот натпревар од финалната серија на НБА лигата ќе се игра во ноќта помеѓу среда и четврток од 02:30 часот.