Кацикарис е наследникот на Плаза на клупата на Уникаха

Поранешниот грчки селектор и тренер на Тенерифе, Фоцис Кацикарис е наследникот на Жоан Плаза на клупата на Уникаха од Малага, јавуваат шпанските медиуми. Еден од најсилните шпански тимови ќе прави реконструкција по вчерашната најава на Плаза дека ќе го напушти клубот од Андалузија.

Уникаха игра во плеј-офот на шпанската Ендеса, но не се вбројува меѓу фаворитите за титулата и веројатно следната сезона ќе игра во Еврокупот. 51-годишниот Кацикарис цела една деценија работи во Шпанија, седеше на клупите на Билбао, Валенсија и Мурсија, ги водеше Хапоел Ерусалим, Локомотив Кубан, Динамо Санкт Петерсбург и АЕК. 

Во два наврати Кацикарис напоредно работеше и во репрезентативната кошарка, водејќи ја грчката и руската репрезентација. Тој се обрза на двегодишен договор со Уникаха.