ВИДЕО: Јута со тројки ја прекина кризата, Мемфис го чека битка за плеј-оф

Јута Џез успеа да слави во натпреварот против Мемфис Гризлис (124-115) во Орландо, ја прекина низата од три неуспеси и на противникот му ја отежна битката за пласман во плеј-офот во најквалитетната светска кошаркарска лига.

Дуелот во кој гледавме допадлива кошарка беше неизвесен и двете екипи беа блиску до резултатот 102-102, а потоа почна доминацијата на „џезерите“. Разликата беше во шутот за три, кој кај Јута беше доста ефикасен.

Најмногу се истакнаа Колинс и Инглс, како и О'Нил, кои реализираа за три во четири напади. Кога овие обиди се претворија во реализација, Јута обезбеди предност од 11 поени (116-105) која до крајот се покажа како недостижна.

  • Извештај од натпреварот: 

Најдобар кај победникот беше Инглс со 25 поени, Конли заврши со 23, а мора да се спомене одличниот учинок на Гобер кој имаше „дабл-дабл“ од 21 поен и 15 скока. Кај Мемфис, Валанчунас оствари „дабл-дабл“ од 21 поен и 14 скока, додека прво име кај поентерите беше Брукс со 23 поени.