ВИДЕО: Јута со 20 тројки го наполни кошот на Денвер и изедначи во серијата

Кошаркарите на Јута Џез го совладаа Денвер Нагетс во вториот натпревар од четвртфиналето на плеј-офот на Западната конференција на НБА-лигата со резултат 124-105 и го изедначија резултатот во серијата на 1-1.

Ни одличниот Никола Јокиќ не им помогна на Нагетси да слават. На Србинот му недостасуваа четири асистенции до „трипл-дабл“ учинок, а човек на одлука беше Донован Мичел, кој постигна 23 од вкупно 30 поени во второто полувреме.

  • Извештај од натпреварот: 

„Џезерите“ имаа одлична шутерска ноќ и со 20 тројки од 44 обиди, поставија рекорд на франшизата во плеј-офот. Очајниот Денвер имше предност само четири пати, а најава за дебаклот беше серијата на Јута од 19-6, откако по полувремето заминаа на +13 (61-48).

Се испостави дека баш тогаш натпреварот веќе бил одлучен, а колку доминантна беше екипата од Солт Лејк Сити покажуваат и +31 на средината на последниот период.