ВИДЕО: Јута реди победи, Дурант „удри“ против своите „воини“

Продолжуваат одличните партии на кошаркарите на Јута Џез во НБА лигата. Џезерите утрово го надиграа Мајами Хит со 112-94, што за нив е 18-та победа на последните 19 натпревари. 

Донован Мичел со 26 и Бојан Богдановиќ со 19 поени беа најефикасни во победничкиот табор. а кај Мајами најпрецизен беше Кендрик Нун со 23 поени. Јута е најдобар тим во лигата со биланс од 22 победи и само пет порази.

Бруклин го изненади Голден Стејт со 134-117, а Кевин Дурант одигра одлично против својот поранешен клуб. Засилувањето на Бруклимн постигна 20 поени, а Ирвинг кој постигна 23 поени беше прв стрелец на натпревароит. 

Во останатите мечеви, Њујорк беше подобар од Хјустон со 121-99, а  и Феникс ја надигра Филаделфија со 120-111. Гостинска победа забележа Индијана, совладувајчи ја Атланта со 113-125.