ВИДЕО: Јута им го нанесе најтешкиот сезонски пораз на Леброн и Лејкерси

Лејкерси

Најдобриот тим во НБА лигата, Јута Џез, безмилосно го декласира Лос Анџелес Лејкерс на Леброн Џејмс (114-89). Шампионот продолжи да се мачи без Ентони Дејвис и да паѓа на табелата во Западната конференција.

„Џезерите“ ја продолжија одличната форма и со две убедливи четвртини запишаа уште една победа. Тимската игра на домаќинот беше премногу за Лејкерси, кои имаа тивка вечер предводени од Џејмс кој заврши со 19 поени.

Џими Батлер се погрижи Мајами да не дозволи нов кикс на дуелот со Торонто (116-108). Најдобриот кошаркар на екипата од Флорида беше на два скока од „трипл-дабл“ и најдобар играч на теренот на вчерашниот меч со 27 поени и десет асистенции.

Одличниот Зион Вилијамсон блесна со 32 поени во триумфот на Њу Орлеанс над Детроит (128-118). Домашните кошаркари сонуваат за настап во плеј-офот, но и натаму се надвор од најдобрите осум на Западот.

Изненадување приреди Шарлот кај Феникс (121-124), Оклахома Сити славеше со кошот во последна секунда на Дорт против Сан Антонио (102-99), Голден Стејт ја освои Индијана (107-111), Атланта немаше проблеми со Бостон (127-112), а Чикаго предводен од Лавин по продолжението ја „скрши“ Минесота (133-1126).