ВИДЕО: Јута испушти 25 поени предност, Клиперси ќе играат конференциско финале!

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс се пласираа во конференциското финале на Западната конференција во НБА лигата, откако и четврти пат ја добија Јута (131-119). Иако „џезерите“ отвори одлично и поведе со 2-0, Клиперси со одлична игра направија целосен пресврт и со еден „брејк“ во Јута стигнаа до полуфиналето на лигата. 

  • ЛА Клиперс - Јута Џез: 

Околу синоќешната средба, гостинската екипа во „Стејплс Центар“ презеде резултатска контрола на крајот на првата четвртина, до полувремето се одлепи и убедливо поведе (50-72). На стартот од продолжението Јута ги имаше највисоките +25, но ниту тоа не им донесе гостинско славје. Клиперси ги надоместија поените, ја добија третата четвртина со 41-22 и во последната направија целосен пресврт. До крајот и тие поведоа двоцифрено, за големо славје и пласман понатаму. 

Иако играа без Каваи Ленард, момците на Тајрон Лу ги предводеше Теренс Ман. 24-годишникот уфрли највисоки 39 поени во својата кариера, со што беше на врвот меѓу поентерите со Донован Мичел. Одлични настапи имаа и Џорџ (28 поени, девет скокови, седум асистенции) и Џексон со „дабл-дабл“ ефект (27 поени и 10 асистенции).

Во конференциското финале, Лос Анџелес Клиперс ќе се пресметаат со Феникс Санс, кои досега покажаа сериозна моќ исфрлајќи ги Лејкерси со 4-2 и со „метлата“ за Денвер (4-0). 

  • Атланта Хокс - Филаделфија 76ерс: 

На спротивната страна од „костурот“ на НБА лигата, израмнување во четвртфиналето оствари Филаделфија која победи кај Атланта (99-104). Бадијала Треј Јанг имаше своја вечер до 34 поени и 12 скокови, 76ерси со добар тимски перформанс победија во „Стејт Фарм Арена“ и сосема заслужено ќе играат мајсторка за конференциско финале.