• Горан Упале
![](https://www.gol.mk/static/styles/main_article_image_focal/public/2024/11/28/kosarka-nba-jokic.jpg?itok=FtDVfDXk)
По катастрофалната партија на последниот натпревар против Њујорк, кошаркарите на Денвер конечно беа на висината на задачата, и повторно најмногу благодарение на српскиот ас, Никола Јокиќ.
Нагетси славеа на гостувањето против Јута 103-122, а Јокиќ повторно беше оној „стариот“. Натпреварот го заврши со 30 поени, десет скока и седум асистенции, а на паркетот мина вкупно 33 минути. Во триумфот против Јута, Јокиќ го следеше Џамал Мареј со 22 поени, Мајкл Портер Јуниор додаде 19, а Кристијан Браун постигна 18 поени. За поразениот тим Колин Секстон постигна 26, а Кејонте Џорџ 23 поени.
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс конечно ставија крај на серијата порази и на гостувањето кај Сан Антонио Спарс славеа со убедливи 101-119. Интересно е тоа што на овој натпревар ниту Дејвис ниту Леброн не се најдоа на врвот во листата на стрелците кај „езерџиите“, туку тој примат го обезбеди Далтон Нект, кој зад своето име запиши 20 поени. Ентони Дејвис имаше еден поен помалку, а Леброн застана на 16 поени, но имаше и десет скока и единаесет асистенции. Кај Сан Антонио најпрецизен беше Вамбањама со 20 поени.
Во највозбудливиот натпревар на вечерта во НБА екипата на Атланта Хоукс со 124-135 славеше на гостувањето кај лидерот Кливленд и по три врзани порази конечно им се радува на една победа.
Хантер со 26 поени и Џонсон со 22 поени беа најдобри поединци кај победничкиот тим, а за Кливленд се истакнаа Мичел со 30 и Мобли со 22 поени.