Јута Џез ќе му ја довери клупата на млад стратег од Бостон

Екипата на Јута Џез остана без тренерот Квин Снајдер, па за следната сезона мора да пронајде ново решение. 

Според пишувањата на американските медиуми, пикот падна на младиот Вил Харди. 34-годишникот, кој работеше како помошник тренер во Бостон Селтикс, дојде со тимот до финалето и загуби од Голден Стејт. Харди е во НБА лигата повеќе од десет години, нему шанса му даде легендарниот Грег Попович, а го водеше Сан Антонио неколку пати во летната лига. 

Веројатно е постигнат договор, па Харди треба да парафира петгодишна соработка со Јута. Оваа екипа продолжува со истите амбиции, пласман во плеј-офот на лигата, па таму обид за што е можно подобро рангирање.