Јуре Лалиќ се збогува со МЗТ Скопје и потпиша за Крка

Со доведувањето на Љубомир Младеновски, јасно беше дека во редовите на МЗТ Скопје нема да има место за хрватскиот интернационалец Јуре Лалиќ. 

Оваа ситуација денес доби своја потврда, откако искусниот центар си пронајде нова средина и во идната сезона ќе го носи дресот на словенечка Крка Ново Место. 

„Среќен сум што се враќам во овој клуб, кој е организиран и има големи амбиции. Се надевам дека ќе имам можност да ги покажам своите квалитети и дека ќе имаме успешна сезона“, рече Лалиќ за клупската интернет страница на Крка. 

32-годишниот центар за МЗТ Скопје настапи во последните две сезони во кои во АБА-лигата и имаше просек од 13,2 поени и 5,7 скокови по натпревар.