Јуниорките загубија од БиХ и завршија на осумнаесеттото место на ЕП

Женската јуниорска репрезентација на Македонија не успеа со уште една победа, да се прости од натпреварите на Европското првенство од Дивизијата Б кое денеска завршува во Литванија.

Подобра од нашата селекција, беше соодветната репрезентација на Босна и Херцеговина, која останува 17. место во финалниот поредок, а со овој пораз, јуниорската репрезентација на Македонија го заврши шампионатот на 18. позиција.

Уште еднаш Ива Колева го покажа сиот свој потенцијал. Нашата најмлада кошаркарка застана на скор од дваесет поени. Имаше и седум скока и исто толку асистенции. Ја следеа Теа Трајковска, која на 19 поени додаде и осум скока, Ања Начевска финишираше со дабл-дабл ефект од 16 поени и 17 скока. Пислевска и Џангаровска додадоа по шест, но општ впечаток е дека недостасуваше ефектот на уште некоја кошаркарка во нашата женска јуниорска селекција за подобар резултат на ова првенство.