Јуниорките не ја победија ниту Естонија, може да завршат во Ц Дивизија

Јуниорките на Македонија ја продолжија негативната низа на настапи на Европското Првенство за кошаркарки до 18 години откако во првиот натпревар за разигрување и пласман загубија од Естонија (57-66).

  • Комплетниот натпревар меѓу Македонија и Естонија:

Еден лош период го чинеше начиот национален тим победа и сигурен опстанок во оваа дивизија. Сега следи натпревар против јуниорките на Украина. Главниот проблем беа загубените топки кои Естонија максимално ги искористи во вториот период од средбата во Софија.

Мартина Маркоска со 21 поен беше најдобра кај Македонија, додека по 12 поени реализираа Марија Николов и Михаела Алексовска, седум придодаде Ана Милованова, по два поени Љубица Бошкова и Анастасија Тодорова, Христина Ставревска реализира еден поен. Кај Естонките прво име беше Кристел Ратасеп со 17 поени.

Натпреварот меѓу Македонија и Украина е закажан утре (петок) од 15:00 часот.