Јованчев: Спортот понекогаш е суров, неверојатниот расплет нè остави без четвртфинале!

Maкедонските кошаркарски фанови, за жал, нема да ги гледаат најдобрите македонски кадети во четвртфиналната фаза од ЕП од дивизијата Б.

Причината за тоа е поразот од Естонија, па на нашите надежи им преостанува борбата за местата од деветто до шеснаесетто. По неуспехот со Естонија, разочарувањето во македонскиот табор беше големо:

„Едноставно кажано, спортот е суров. Неверојатен расплет на натпреварите нė стави во позиција да не одиме понатаму. Апсолутно заслуживме да бидеме во најдобрата ‘осумка’ и веројатно со големи шанси да бидеме во најдобрите четири, земајќи го предвид квалитетот на групата со која што требаше да ‘вкрстиме“, потенцира Јованчев.

Следува оној втор дел од шампионат во кој Македонија ќе се бори максимално, како што вели селекторот, до самиот крај...

„Планот за групната фаза беше исполнет со трите победи. Им честитам на играчите за она што го прикажаа до сега. Останува да ја одбраниме честа на националниот дрес и сигурен сум дека ќе дадеме се од себе да го завршиме првенството без пораз“, додава Јованчев.

Кадетите во последното коло од групната фаза ја совладаа Австрија со 95-88, но тоа не беше доволно за пласман во четвртфиналето.